Слободни активности

Слободни активности ќе организираат предметните наставници заедно со учениците, со цел секој ученик да ги развие своите индивидуални вештини, ученици кои имаат афинитет и интерес за проширување и опремување на своите креативни знаења и вештини по различни предмети или во рекреативната област. Исто така, во оваа учебна година за поорганизирано и поуспешно спроведување на овие активности ќе се реализира и пошироката соработка на училиштето со другите училишта од нашата општина или пошироко, поради соработка, дружење, размена на други знаења. . Слободните ученички активности кои ќе се реализираат оваа учебна година се: литературна секција, млади економисти, млади математичари, фигуративна секција и спортска секција.

 

 

 

 

 

 

mk_MKМакедонски јазик