ОСЕУ "8 Септември" Тетово

Поради потребата од образување на кадри од Економска-правна и трговска струка со Одлука на Владата на Република Македонија од 11.07.1996 година е формирано ДСЕУ,,8 Септември,, Тетово. 

Воспитно-образовниот процес во училиштето започна на 01.09.1996 година. Во првата учебна 1996/97 година во училиштето се запишале вкупно 230 ученици во 6 паралелки, од кои 4 паралелки на албански и 2 паралелки на македонски наставен јазик.

Училиштетое лоцирано во Тетово, во централно градско подрачје во близина градскиот Спортски центар. Градот постојано се развива, има голем број на основни училишта, средни училишта и високо-образовни установи.

Училиштето на почетокот на првата учебна година броело 230 ученици на мал простор, а денес со гордост може да кажеме дека има 1505 редовни ученици од албанска и македонска етничка припадност, со 52 паралелни и 112 вработени наставници; учебна 2013/14 година.

 

Училиштето со стручен образовен кадар преку континуирано професионално усовршување, ќе придонесе за создавање училишна клима која ќе го стимулира претприемачкиот дух и креативните способности, ќе поттикнува чувство на одговорност и меѓусебно почитување, критичко размислување користејќи високи етички стандарди и современа образовна технологија.

Преку меѓусебно почитување и соработка ќе ги поттикне учениците да ги развиваат вештините, способностите, навиките, знаењата и ставовите неопходни за актуелизација како одговорни и образовани граѓани. 

 

mk_MKМакедонски јазик