Во рамките на проектот „Социјален мост“ кој е поддржан од RYCO (регионална канцеларија за младинска соработка) и имплементиран од Невладината органиација „АТО“, каде што предводник на проектот е средното училиште СУ „Бахри Хаџа“ Вутстри во партнерство со Средното Економско училиште „8 Септември“ - Тетово , се организира првата активност „Почеток на средбата“. На оваа активност со партнерите на проектот беше претставена програмата и главната цел на проектот што е „медијација на конфликти меѓу врсници“.
Аспирациите на оваа програма се главно зајакнување или градење на капацитети на млади луѓе од различни заедници во средните училишта. Целта на овој проект е создавање училишни тимови за посредување на конфликти меѓу врсниците. Исто така, различноста на учениците во овој проект создава добар дух на соработка и социјализација меѓу нив.
Им благодариме на средните училишта кои беа подготвени за соработка и го овозможија проектот „Социјален мост,,.