ПРАВИЛНИК
ЗА ОРАНИЗИРАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ ЗА ВОНРЕДНИТЕ КАНДИДАТИ И КАНДИДАТИТЕ ОД ПРЕТХОДНИТЕ ГОДИНИ ВО ОСЕУ *8 СЕПТЕМВРИ*-ТЕТОВО
Со овој Правилник се уредува начинот на организирање и одржување на испитите за вонредните кандидати.
Испитите за вонредните кандидати се организираат во 9 ( девет) испитни рокови и тоа: Септември, Октомври, Ноември, Декември, Февруари, Март, Април,Мај, Август
Во еден испитен рок, кандидатот може да пријави (3) три испити.
Во еден ден кандидатот може да полага еден испит.
Како вонреден кандидат може да се запише лицето кој ги исполнува еден од следните Законски и статутарни услови:
- да е постар од 17 години,
- да е на боледување подолг период,
- да е во работен однос.