Книгите се најтивките и најпостојаните пријатели; тие се најздравите и најмудрите советници и најстрпливите учители“.
Charles William Eliot
На 23 април се одбележува Светскиот ден на книгата, затоа решивме да го издадеме следното списание по повод овој ден.
Идејата за одбележување на Светскиот ден на книгата потекнува од Шпанија, во регионот на Каталонија, каде што секој што ќе купи книга добиваше и роза. 23 април беше прогласен за Светски ден на книгата на 15 ноември 1995 година, со резолуција на УНЕСКО, откако беа земени предвид фактите дека книгата историски била најмоќниот инструмент за ширење на знаењето и најефикасното средство за обезбедување на зачувување на ова сознание, дека секоја иницијатива за промоција на нови книги е фактор на културно збогатување.
Посебна благодарност до студентите кои продолжуваат со голема посветеност да пишуваат за списанието, како и до професорите кои помагаат во реализацијата и издавањето на списанието.
|